Претседателската дебата на САД меѓу демократската потпретседател Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, според прелиминарните податоци на Нилсен објавени во средата.
Дебатата што се одржа во вторникот вечерта беше прва средба лице в лице на кандидатите за претседателските избори на 5 ноември.
Привлече повеќе гледачи отколку дебатата на Трамп со тогашниот кандидат претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.
По лошиот настап на таа дебата, Бајден се повлече од изборната трка.
Бројките за гледаност на Нилсен не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и во баровите и рестораните. Конечните податоци што ќе ги вклучи ова ќе бидат објавени подоцна.
Претседателската дебата во 2016 година имаше рекордна гледаност, кога 84 милиони луѓе го следеа натпреварот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Трамп.