Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи пред почетокот на митингот кој се одржува во центарот на Белград.
Вучиќ на социјалната мрежа инстаграм сподели краток видео клип со кој упати благодарност до народот.
„Србијо, ти благодарам! напиша тој на својот инстаграм профил.
На платото пред Народното собрание во Белград, во тек е митингот „Србија на надежта“. Вучиќ, предходно истакна дека сите треба да дојдат во главниот град и да ја поддржат слободарската политика на единство и независност.