За малку ќе заплачеше рускиот претседател Владимир Путин носејќи го букетот кој го постави на гробот на Владимир Жириновски, лидерот на ултрадесничарската Либерално-демократска партија. Церемонијата се одржа во катедралата Христос Спасител во Москва, потоа имаше и погреб.
Видеото од разжалостениот Путин го обиколи светот.
Жириновски ќе остане запаметен како ултранационалистички политичар, иако многумина го сметаа за столб на политичкиот систем на Кремљ и противник на Владимир Путин на претседателските избори во Русија, против кого тој се кандидираше дури шест пати.