Претседателот Стево Пендаровски престојува во Подгорица, Црна Гора каде учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Претседателот Пендаровски ќе се обрати на Пленарна сесија на состанокот на шефови на држави и влади, а ќе одржи и заедничка прес конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, во својство на претседатели на земјите кои се актуелен и следен претседавач со ПСЈИЕ. Претседавањето на Република Северна Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа започнува на 1 јули 2023 година.