Претседателот Пендаровски не сака привилегии

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата е децидна дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври и дека скопјани нема да останат без парно греење. Тоа нека биде тест дали Владата со сите најавени мерки ќе успее да ја ублажи кризата, и ќе видиме дали ќе го помине тој тест – изјави вчера претседателот на државата Стево Пендаровски во настап на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

– Колку што јас знам, околу 60 илјади скопјани се греат на парно греење и ако тука крахираат, јасно ќе биде дека во еден дел не го испорачуваат она што го ветиле пред граѓаните – рече Пендаровски.

На прашање дали претседателската вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин.

– Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам – рече Пендаровски.

Share This Article