Владата е децидна дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври и дека скопјани нема да останат без парно греење. Тоа нека биде тест дали Владата со сите најавени мерки ќе успее да ја ублажи кризата, и ќе видиме дали ќе го помине тој тест – изјави вчера претседателот на државата Стево Пендаровски во настап на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
– Колку што јас знам, околу 60 илјади скопјани се греат на парно греење и ако тука крахираат, јасно ќе биде дека во еден дел не го испорачуваат она што го ветиле пред граѓаните – рече Пендаровски.
На прашање дали претседателската вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин.
– Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам – рече Пендаровски.