More

    Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Финска, Никлас Линдквист

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Никлас Линдквист, новоименуваниот амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

    Во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски изрази задоволство од одличните билатерални односи и од успешната соработка помеѓу двете земји, којашто се развива во духот на традиционалното пријателство и партнерство и посочи дека постои неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката, особено во доменот на економијата и инвестициите. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за принципиелната и конзистентна поддршка на Република Финска за потребата од итно заокружување на европската иднина на Северна Македонија. Тој рече дека во рамките на богатата билатерална рамка на соработка, остануваме посветени на одржувањето силни партнерски односи и во рамки на НАТО, притоа поздравувајќи го членството на Финска како 31-ва НАТО членка. Претседателот упати и честитки за финската кандидатура за иден претседавач на ОБСЕ за 2025 година и изрази подготвеност за споделување на искуствата од нашето претседавање.

    Амбасадорот на Република Финска, Никлас Линдквист во своето обраќање ја изрази неговата посветеност за натамошно продлабочување и проширување на односите меѓу двете земји и најави одржување на нордиски настан во Скопје на 13 декември по повод одбележување 30 години од воспоставување на дипломатските односи. Финскиот амбасадор посочи дека поддршката на Северна Македонија за апликацијата на Финска за членство во НАТО била високо ценета и изрази надеж за изнаоѓање нови начини за соработка во овој сектор, сега кога и двете држави се членки на Алијансата. Амбасадорот Линдквист, нагласувајќи дека Финска е силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, рече дека со новиот моментум во проширувањето и предлогот за План за раст за Западен Балкан, се надева на реален напредок на пристапниот пат во ЕУ на сите земји кандидати, вклучително и на Северна Македонија.

    Претседателот Пендаровски на финскиот амбасадор Никлас Линдквист му посака успешно извршување на неговата значајна, благородна и одговорна функција и изрази надеж дека неговиот активен ангажман ќе остави траен белег во надградбата на пријателските односи и во соработката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img