Претседателот нема надлежност во именувањето на конзулите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако во медиумите протече името на телевизиска презентерка Бесмира Ејупи, а која се поврзува со функцијата генерален конзул на РС Македонија во Њујорк, САД, од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски демантираа секаква поврзаност со оваа надлежност.

– Постапката за именување на генерален конзул на Република Северна Македонија во странство не е во надлежност на претседателот на државата, туку е во надлежност на Министерството за надворешни работи и Владата, и истата е регулирана со Законот за надворешни работи, соопшти кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Оттаму велат дека постапката за именување генерален конзул ја покренува министерот за надворешни работи, кој до Владата доставува предлог за именување на генерален конзул.

– По прифаќање на кандидатот од страна на Владата, Министерството бара егзекватура од земјата на приемот, а по нејзиното добивање и завршените подготовки, Владата донесува одлука за именување на генерален конзул. Патентното писмо за генералниот конзул, онаму каде што е потребно, го парафира министерот, а го потпишува претседателот на Владата – се наведува во соопштението од кабинетот на шефот на државата.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply