Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека првпат во земјата просечната плата ја надминала сумата од 100.000 динари односно 855 евра и оцени дека земјата е на одличен пат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека првпат во земјата просечната плата ја надминала сумата од 100.000 динари односно 855 евра и оцени дека земјата е на одличен пат, јави дописникот на МИА од Белград.

Во видеопорака објавена на Инстаграм, Вучиќ кажа дека добил податоци за просечните плати за мај и дека просечната плата во главниот град е поголема од 1.000 евра.

– Во Белград просечната плата е 1.075 евра, во Нови Сад 982 евра, во Ниш 813 евра и се приближува до просекот – изјави претседателот на Србија.

Тој додаде дека просечната плата во Бор е 1.025 евра и дека овој податок покажува дека „добрите инвестиции и визионерските политики даваат резултати“.

Вучиќ повтори дека просечната плата во 2027 година ќе биде 1.400 евра, а пензијата 650 евра и ги повика граѓаните да му помогнат да ја оствари таа цел.

Share This Article