More

    Претседателот на Собранието Јован Митрески утре (среда, 14 февруари) ќе ги распише претседателските избори

    spot_img

    Претседателот на Собранието Јован Митрески утре (среда, 14 февруари) ќе ги распише претседателските избори, а се консултира со собраниските служби дали истовремено да бидат распишани и парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај. Во интервју за МИА тој вели дека доколку не се распишат истовремено изборите секако би ги почитувал уставните рокови, а тоа е 70 дена од денот на одржување на редовните парламентарни избори.

    – Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14 февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Сѐ уште не сум донел одлука дали во исти ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден – рече Митрески во интервју за МИА.

    На прашањето кога би ги распишал парламентарните избори ако не утре, Митрески вели:

    – Секако би ги почитувал уставните рокови, тоа е 70 дена од денот на одржување на редовните парламентарни избори, а тоа е 8 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img