More

    Претседателот на Собранието Јован Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024

    spot_img

    Претседателот на Собранието Јован Митрески  попладнево ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април 2024 година, додека парламентарните избори две недели подоцна на 8 мај, кога би се одржал и вториот круг од претседателските избори.

    – Денеска во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови ги потпишав решенијата за распишување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во Собранието. Како што е познато, првиот круг од седмите претседателски избори ќе се одржи на 24 април 2024, додека вториот избиорен круг за претседател ќе биде на ист ден со првиот круг од единаесеттите парламентарни избори, одниосно на 8 мај – рече Митрески

    Согласно Изборниот законик, роковите за спроведување изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на Решението во Службен весник.

    – Верувам дека во изборниот период што претстои, сите надлежни институции, но и сите инволвирани субјекти ќе дадат свој придонес да имаме фер и демократски изборен процес, на ниво какво што заслужува една демократска држава, членка на НАТО, држава која го оди патот кон полноправно членство во Европската Унија – истакна Митрески.

    Во последните изборни процеси, Република Северна Македонија покажа дека има капацитет да организира демократски избори, во согласност со европските вредности и принципи, истакна претседателот на Собранието.

    – Како држава воспоставивме стандарди кои мора само да ги унапредуваме и надградуваме и во никој случај не смееме да дозволиме да се вратиме назад. Гласањето на избори, односно можноста граѓаните преку гласачкото ливче да го искажат сопствениот став, е врвен чин на демократијата. Тоа е можност граѓаните со својот глас да ја определат својата иднина. Убеден сум дека и на овие избори граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и ќе изберат иднина каква што посакуваме и каква што нашата држава заслужува – рече Митрески.

    Откако решението за изборите ќе биде објавено во Службен весник, треба да заседава Државната изборна комисија која ќе усвои роковници со што и официјално ќе почнат да течат изборните дејствија.

    Според член 63 од Уставот на РС Македонија, избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштање на Собранието.

    Членот 81 од Уставот, пак, предвидува дека изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.

    Роковите за спроведување изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на Решението за распишување на изборите  во „Службен весник“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img