ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГАШИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на собранието на Р. Македонија, Африм Гаши  денеска оствари протоколарна средба со градоначалникот на Охрид, Кирил  Пецаков.

На средбата градоначалникот го информира  гостинот за начинот на функционирање на локалната власт.  Како еден од најбитните проекти на актуелното  раководство беше издвоено целосното раздолжување на Општината која  од втора најзадолжена на ниво на држава,  во моментов има позитивно салдо. Стана збор и за останатите крупни проекти  за кои во тек се постапките за градба, катна гаража, основно училиште,  прочистителна станица кај село Трпејца, изградба на плоштадот „Крушевска Република“ и   спортска сала во  с. Лескоец.

Претседателот Гаши покажа интерес за работата на  канцеларијата на охридските пратеници.

Двете страни разменија мислења за Охрид како   посебна општина во однос на останатите, како најбитен  туристички центар заштитен од УНЕСКО кој одлично ја промовира државава во Светов.

Share This Article