More

    Претседателот на Шри Ланка пред оставка, земјата нема храна, гориво, лекови…

    spot_img

    Илјадници демонстранти, речиси како рој мравки, денеска упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса. Раџапакса ја напуштил резиденцијата неколку минути пред упадот на демонстрантите и армијата го одвела на непозната локација.

    Демонстрантите со недели протестираат бараат оставка од Раџапакса поради економската криза.

     

     

    Шри Ланка се наоѓа во најлошата економска криза уште од прогласувањето на независност во 1948 година. Земјата се соочува со основни потреби – храна, гориво, лекови, гас тоалетна хартија, кибрити и друго.

    Претседателот Раџапакса не успеа да ја реши најлошата економска криза ни со обезбедување финансиска поддршка од Кина и од Индија. Тој изјави дека побарал помош и од Русија за надминување на економската криза.

     

     

    Минатиот месец во Шри Ланка беше забранета продажба на гориво во период од две седмици. Од владината одлука исклучени беа службите за јавен превоз, возови, како и возила што се користат во итни служби и за достава на храна.

    Паралелно, Владата донесе одлука во тој период да се затворат училиштата во урбаните подрачја, а граѓаните беа советувани да работат од дома.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img