More

    Претседателот на САД ги спаси да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста

    spot_img

    Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста, годишна традиција што го означува почетокот на последната празнична сезона за демократите во Белата куќа.

    – Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската што е симбол на државата Делавер – изјави Бајден, кој по потекло е од таа држава, пред толпата на тревникот пред Белата куќа.

    Тој додаде дека настанот го означува официјалниот почеток на празничната сезона в

    – Исто така, последен пат ми е да зборувам овде како ваш претседател, во текот на оваа сезона, и да ви ја пренесам мојата благодарност. Затоа, дозволете ми да ви кажам, тоа беше честа на мојот живот, јас сум засекогаш благодарен – рече Бајден.

    Помилувањето мисирки пред Денот на благодарноста, кој во Америка се слави последниот четврток во ноември, датира од претседателот Хари Труман во 1947 година, додека официјално стана традиција на Белата куќа во 1989 година, кога тогашниот претседател Џорџ Буш го понуди првото официјален претседателско помилување.

    Најавено е дека Бајден подоцна денеска ќе отпатува за Стејтен Ајленд во Њујорк, каде што ќе присуствува на настанот „Денот на пријателите“ со припадниците на американската крајбрежна стража.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img