Претседателот на Русија Владимир Путин во Краснодар ја посети Вишата воена школа и тестираше симулатор на авион.
Вишата школа подготвува пилоти за оперативно-тактичко, далечно, воено-транспортно и морско воздухопловство, а од септември 2017 година се обучуваат и девојки.
Во Вишата школа дипломирале 137 херои на Советскиот сојуз, 8 космонаути и 23 пилоти за тестирање авиони. Вишата воена школа е основана на 19 август 1938 година со седиште во градот Чита, а во 1960 година е преместена во Краснодар.