Претседателот на регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски на пластичен начин кажа дека Регулаторната комисија за енергетика се вклучува во мерките за штедење на владата.
-Јас денеска дојдов на работа по скали. Имам проблеми со тежината и планирам да ја намала.Како што гледате светлото е ограничено, немаме пуштено ладење. Сите мерки кои ги донесе владата за штедење на електричната енергија ќе ги преземеме. Овие мерки не ги презема само земјава туку регионот и цела Европа. Затоа мислам дека секој треба да се вклучи во штедењето за да може владата да обезбеди поевтина струја за граѓаните – рече Бислимоски.