Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, на средба со Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг, во рамките на неговата посета на земјава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, имаше средба со Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг, во рамките на неговата посета на земјава.

На средбата, Адеми информира за последните случувања во земјата, при што  истакна дека се прават напори да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство за изгласување на измените на Уставот, со цел внесување на бугарската, но и на други заедници во него. Притоа, посочи дека тоа би требало да се направи што поскоро, за да се  продолжат преговорите за членство во ЕУ.

Рот ја  ја потврди силната поддршка на Германија  за натамошниот напредок на земјава на евро-интеграцискиот пат. Притоа, се согласи дека во моментов  потребно е да се  изгласаат уставните измени, согласно препораките во Преговарачката рамка, но дека истовремено земјата мора да се посвети на европските реформи во сите области, како и на борбата против корупцијата и  организираниот криминал – стои во соопштението од средбата.

На средбата, двајцата говорници разменија  мислења и ставови и за актуелните прашања и состојбите во регионот и пошироко и ја овековечија средбата со заедничка фотиграфија.

Share This Article