Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Jеол, денеска прогласи воена состојба со цел да се искоренат „просевернокорејските сили“ и да се одржи уставниот поредок.
Северна Кореја минатиот месец ги прекина електричните водови, инсталирани од Јужна Кореја за снабдување со електрична енергија на затворениот заеднички индустриски парк, и дигна во воздух делови од патишта што ја поврзуваат со Јужна Кореја, северно од воената демаркациска линија.
Претходно, Северна Кореја ги отстрани уличните светла и постави мини долж патиштата Џеонги и Донге, a и распореди војници на својата страна од демилитаризираната зона.