Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел каде ќе се обрати пред Европскиот парламент, а потоа ќе присуствува и на состанокот на лидерите на земјите-членки на ЕУ. Тој отпатува во Брисел заедно со францускиот претседател Емануел Макрон.
Во Европскиот парламент, Володимир Зеленски веќе беше примен од претседателката на оваа институција Роберта Мецола.
По пристигнувањето во Брисел, Зеленски беше пречекан од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Добредојдовте дома, добредојде во ЕУ“, напиша Мишел на Твитер. Претседателот фон дер Лајен ја придружуваше посетата на Зеленски на Брисел со нота: „Срцето на европското семејство, на кое му припаѓа Украина. Ќе ја поддржуваме Украина на секој чекор на патот кон нашата унија“.
И двајцата објавија фотографија на која се ракуваат на аеродромот во Брисел со Зеленски, кој во главниот град на ЕУ пристигна од Париз заедно со францускиот претседател Емануел Макрон.
Како што најави Зеленски за време на неговата посета на Лондон во средата, тој ќе разговара со лидерите на ЕУ за понатамошни испораки на оружје за Украина, вклучувајќи борбени авиони и ракети со долг дострел.
Зеленски во средата најпрво побрза во Лондон, каде меѓу другото се сретна и со кралот Чарлс Трети. и се обрати пред британскиот парламент, а потоа доцна во вечерните часови отпатува за Париз и се сретна со Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.
И покрај разликите во форматите на двете посети, зборовите на украинскиот претседател и во Лондон и во Париз беа речиси исти – повеќе оружје за Украина, особено борбени авиони и ракети со долг дострел и побрзи испораки.
Прочитајте повеќе: Зеленски по Лондон полета за Париз, а денеска на самитот на ЕУ во Брисел
Макрон и Шолц, пак, го уверија дека западните сојузници ќе ја поддржуваат Украина се додека е потребно и до нејзината конечна победа.
За време на посетата на британската престолнина во средата, Зеленски го потврди своето денешно патување во Брисел, каде што се очекува да присуствува на вонреден самит на лидерите на ЕУ. Во исто време ќе се одржи и специјална седница на Европскиот парламент на која Зеленски ќе се обрати пред пратениците.