Група вооружени мажи упаднале во телевизиско студио за време на пренос во живо во Еквадор и им се заканувале на вработените, покажуваат снимки.
На видеата кои кружат на социјалните медиуми, се гледаат неколку напаѓачи му вперуваат оружје во глава на еден од водителите на телевизијата, а неколкумина се заложници и лежат на подот.
До упадот во студиото дојде кога криминалните банди започнаа бран на терор низ Еквадор, киднапирајќи полицајци и активирајќи серија бомби, додека затворениците киднапираа десетици чувари. Нападите се случија неколку часа откако новиот претседател Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба по бегството на водачот на најопасната банда во земјата.
Додека илјадници војници и полицајци го бараа Адолфо Масијас, осудениот водач на моќната банда Лос Чонерос, избувна хаос внатре и надвор од затворот во очигледна демонстрација на сила на организираните криминални групи против новиот претседател на земјата. Нобоа, кој беше избран во октомври врз основа на ветување дека ќе го сузбие насилниот криминал, доцна вчера прогласи двомесечна вонредна состојба.