Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Белорусија ќе употреби нуклеарно оружје доколку биде нападната од НАТО

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека Белорусија ќе употреби нуклеарно оружје доколку биде нападната од НАТО, пренесува руската државна агенција ТАСС.

– Напад врз Белорусија е вовед во Трета светска војна – изјави Лукашенко, додавајќи дека границите на државата се црвена линија и дека секое прекршување ќе има моментален одговор.

Според Лукашенко, рускиот претседател Владимир Путин го потврдил неговото тврдење со последните измени на руската нуклеарна доктрина.

Смената која ја предложи Путин вклучува Русија да може нуклеарно да одговори на напад од ненуклеарна земја, но која е поддржувана од нуклеарна сила.

Заканите на Путин и на Лукашенко доаѓаат во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски во САД побара ракети со долг дострел и друго оружје за Украина според таканаречениот „план за победа“.

Share This Article