More

    Претседателот на Албанија ѝ додели посебно признание на Рита Ора

    spot_img

    Британската пејачка Рита Ора (31) деновиве ја посети Албанија и се пофали со специјалното признание кое ѝ  го додели претседателот Бајрам Бегај (55).

    „Има некои работи во животот кои никогаш не ги заборавате, ова патување ќе биде едно од нив. Денес беше нереален ден. Имав голема чест што претседателот на Албанија, господинот Бајрам Бегај, ми го додели орденот Наим Фрашери“, се пофали пејачката.

    „Ова е нешто што им се доделува на Албанци и на странски државјани за нивните вредни дела и активности во науката, уметноста и културата. Ви благодарам многу од срце“, додала таа.

    Рита за таа прилика носела бел костум од палто и мини здолниште и сребрени потпетици со машна. По повод наградата таа одржала говор на англиски јазик.

    Инаку, нејзините родители пристигнале во Велика Британија во 1990-тите, по емигрирањето од Косово. Во 2019 година, за време на силниот земјотрес во Тирана, Рита отпатува во Албанија за да им помогне на настраданите.

    FOTO Printskrin

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img