More

    Претседателот го прекорил Залужни и предизвикал раздор во врвот

    spot_img

    „Укорот на Зеленски врз врховниот командант предизвика раздор во раководството“, гласи насловот на неодамнешна статија на „Њујорк Тајмс“. Весникот го цитира врховниот командант на украинската војска Валериј Залужни кој вели дека има „пукнатини“ и дека конфликтот во Русија дошол во ќорсокак. Во интервју за „Економист“ Залужни изјави дека најверојатно нема да има украински пробив во контраофанзивата.

    „Њујорк Тајмс“ пишува дека цела година кружат гласините дека постојат тензии меѓу Зеленски и Залужни. А, според весникот, по интервјуто за „Економист“ Залужни бил прекорен и искаран од канцеларијата на претседателот. На Залужни му се обратил Игор Жовква, заменик-шефот на претседателскиот кабинет.

    Жовква му рекол на Залужни дека „ последната работа што би ја направил е да коментирам за печатот… за тоа што се случува на фронтот (и) што може да се случи на фронтот“.

    Западни функционери се јавувале во Киев и се распрашувале дали Украина „навистина е во ќорсокак“. Зеленски на пресконференција во саботата стави до знаење дека на конфликтот не гледа како на „ќорсокак“.

    Во меѓувреме, во украинската јавност сѐ повеќе се разгорува темата за одржувањето претседателски избори во март иако тоа во земјата законски не е дозволено во време на војна.

    Зеленски изјави дека „ова не е момент за избори“ и дека „тоа би било фарса која Русија баш ја очекува“.

    – Ако нема победа, тогаш нема да има земја – изјави Зеленски во вечерното видеообраќање.

    Западните сојузници на Украина, а особено САД, бараат од владата во Киев што е можно поскоро да одржи демократски избори. Сепак, ова би било поврзано со пречки: околу 20 отсто од украинската територија во моментов е окупирана од руски војници. Милиони Украинци избегаа во странство. Со оглед на тековните масовни руски напади, излегувањето на гласање исто така би претставувало значителен безбедносен ризик.

    Поранешниот претседателски советник Олексеј Арестович најави дека ќе се кандидира против својот поранешен шеф на следното гласање. Зеленски е на функцијата од мај 2019 година.

    Исто така, новиот украински парламент требаше да избран во октомври, но поради војната постапката беше одложена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img