Претседателот беше пречекан од српскиот министер Селаковиќ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Државно-црковната делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска пристигна во манастирот „Св. Прохор Пчински“, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.
Претседателот Пендаровски ќе положи венец со цвеќе на Спомен плочата на АСНОМ, поставена во манастирскиот комплекс. Токму на ова место е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.
Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ.
Од српска страна, на чествувањето присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и г. Пахомије, епископ врањски, како претставник на Српската Православна Црква.
Share This Article