More

    Претседателката Сиљановска Давкова го прими шефот на канцеларијата и специјален претставник на СЗО, Аким Али

    spot_img

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими Аким Али, шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација и специјален претставник во Скопје.

    На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности, улогата на СЗО во земјава и во регионот и нивната соработка со локалните здравствени институции со цел подобрување на отпорноста на здравствените системи за справување со пандемии, или здравствени кризи.

    Во разговорот, претседателката Сиљановска Давкова ја потенцираше важноста од усогласување на националните здравствени политики со глобалните здравствени стандарди и ја истакна својата поддршка на напорите за елиминирање на сите регулаторни, политички, или социјални бариери со цел спроведување на ефективни здравствени програми.

    Во интерес на зајакнување на здравствениот систем на земјата, превенција на болести и промовирањето на здрави навикипретседателката ја посочи важноста од натамошен развој на стратегии за зголемување на свеста и јавната поддршка за тековните здравствени иницијативи, особено во руралните, или недоволно развиените области.  

    На средбата беше изразена подготвеност за продолжување на соработката на СЗО со македонските институции со цел поддршка на реформските процеси во областа на здравството, јакнење на капацитетите за рано предупредување и подготвеност на државата за брз одговор на итни здравствени ситуации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img