Претседателката ќе одлучува за претставката за директорката на Агенцијата за разузнавање

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница информира дека примила претставка против актуелната директорка на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева во која е наведено оти не доставувала извештаи за работата на Агенцијата до повеќе тела во државата. Дали наводите на претставката се точни или неточни, ќе треба да пресече претседателката на државата.

– Согласно Законот за Агенцијата за разузнавање во член 3 став 2 е уредено дека Агенција за работите од нејзина надлежност ги известува органите во државата – претседателот на Собранието, до Владата, до претседателот на Владата, како и до Советот за координација на безбедно разузнавачка заедница и други органи во државна управа зависно од предметот на работење. Претставката се однесуваше во насока дека директорот на Агенцијата досега нема доставено информации за своето работење до Собранието, која размена на податоци согласно законот е зависно од предметот на интерес на самото работење. ДКСК не може да навлезе во надлежноста дали комуникацијата и размената на податоците помеѓу наведената Агенција и другите органи тече согласно потребите од причина што надлежен орган за законско постапување на законот за Агенција на разузнавање е претседателот на државата – истакна Цвета Ристовска од Антикорупциската комисија.

ДКСК наведува дека нема надлежност да навлегува дали комуникацијата помеѓу наведените институции тече согласно потребите и динамиката која ја определува Агенцијата и додава дека за размена на нивните информации дали се во време и на место согласно закон, проценува претседателот на државата,.

ДКСК реши предметот да ѝ го препрати на одлучување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова под чија надлежност е Агенцијата за разузнавање.

На седницата беше презентирана уште една претставка за вработен во Агенцијата за разузнавање, кој наводно на Фејсбук имал фотографии од партиски штаб во времето на парламентарните избори. И за него, како што беше потенцирано на седницата, антикорупционерите нема да постапуваат, туку предметот е пренасочен во внатрешната контрола на АР за да се види дали наводите се точни или не.

Share This Article