Претседателите на Кина и на Русија ќе се сретнат на крајот на декември

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг одржуваат редовни контакти во различни формати, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

– Лидерите на Русија и Кина одржуваат редовни блиски контакти користејќи различни методи, посочи Ванг.

Рускиот весник „Ведомости” повикувајќи се на неименуван дипломатски извор, претходно објави дека Путин и Си најверојатно ќе одржат средба преку видео повик на новогодишната ноќ на која ќе разговараат за политичките промени во 2022 година.

Сè уште нема официјална потврда за таа видеосредба.

Share This Article