Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го изрази своето незадоволство поради тоа што немаше посебна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на Г7 во Јапонија, како што беше планирано.
Зеленски, кој доби нови ветувања за воена опрема, како и дипломатска поддршка од земјите на Г7 во Хирошима, беше замолен директно да разговара со неговиот бразилски колега, кој се воздржа од осуда на руската инвазија.
Но, Зеленски и Лула да Силва не успеаја да се сретнат, како што рекоа, поради преоптоварена агенда.
Лула да Силва на денешната прес-конференција изјави дека не е „разочаран“ поради пропуштената средба, како што рече Зеленски.
„Не бев задоволен, бидејќи би сакал да се сретнеме и да разговараме“, рече бразилскиот претседател и подвлече дека „Зеленски е возрасен и знае што прави“.
Лула изрази уверување дека ниту Зеленски ниту рускиот претседател Владимир Путин не сакаат мир.
Засега и двајцата се убедени дека ќе ја добијат војната“, изјави бразилскиот претседател.
Бразил, кој не воведе економски санкции кон Русија и не се согласи да го снабдува Киев со муниција, се обидува да се позиционира како Кина и Индонезија како посредник.
Лула да Силва минатиот месец во Пекинг рече дека САД треба да престанат да „поттикнуваат војна“ во Украина и дека Европската унија треба „да почне да зборува за мир“.