Во текот на вчерашниот ден (02.04.2023) на подрачје на Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје по добиени судски наредби, извршија претреси на дом и други простории на 19 локации при што приведени се 16 лица поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а од нив пет лица се приведени во врска и со сознанија за друго кривично дело. При претресите пронајдена е поголема сума на пари кои потекнуваат од продажба на дрога, податоци за лица на кои им била продавана дрога…
По документирање на случаите лицата ќе бидат предадени на надлежното обвинителство.