Претрес во Виница, приведени 5 лица, расчистени 13 кривични дела

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Виница расчистија 13 кривични дела од кои шест „тешка кражба“, 3 „тешка кражба“ во обид и четири „кражба“ извршени во куќи и викенд куќи на подрачјето на Виница, при крајот на минатата и почетокот на годинава. Поради сомнение дека ги извршиле кривичните дела биле лишени од слобода О.И.(30), А.И.(20), Џ.И.(26), Т.И.(32) и Б.Д.(18), сите од Виница.
При претрес по судска наредба во домот на осомничените биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Во полициска станица бил извршен службен разговор со осомничените кои ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Share This Article