More

    Претрес во седиштето на најголемата партија во Европскиот парламент!

    spot_img

    Белгиската и германската полиција денеска извршија рација во седиштето на Европската народна партија, најголемата партија во Европскиот парламент во Брисел.

    Полициската потрага „е поврзана со тековната истрага во Тирингија, Германија“, се вели во соопштението на партијата, пишува Политико.

    „Партијата соработува целосно транспарентно со надлежните органи, обезбедувајќи ги сите релевантни информации и документација“, се додава во информацијата.

    „Белгиски полицајци упаднаа на првиот и третиот кат од седиштето на партијата во Ру ду Комерс“, изјави изворот.

    Според првичните информации, полицијата запленила компјутери во врска со тековната истрага за наводна корупција за време на изборната кампања на ЕУ во 2019 година, пренесува „Euroactiv“.

    Пратеникот на ЦДУ Марио Фојгт беше менаџер на дигиталната кампања на лидерот на ЕПП Манфред Вебер за време на изборната кампања за Европскиот парламент во 2019 година, а истрагата е фокусирана на доделување договор за дигитална кампања на компанија во Тирингија, јавуваат германските медиуми.

    Војгт сега е шеф на ЦДУ во Тирингија. Минатиот септември, комисијата за правда на покраинскиот парламент на Тирингија му го одзеде правниот имунитет во очекување на истрага од германскиот јавен обвинител, иако не е јасно дали случајот е поврзан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img