На 04.04.2023 полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.К.(33) од Прилеп и Т.П.(23) од Битола. При претрес во домот на М.К., извршен со судска наредба, каде била затекната Т.П., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.