На 03.08.2022, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и Единица за финансиски криминал, полициски службеници од СВР Охрид, заедно со членови од Комисијата за оценување на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, извршен е претрес во објекти сопственост на правно лице од Охрид, лоцирани во Охрид.
За време на контролата на документацијата и производите од канабис било констатирано дека во правниот субјект фигурира непријавена наркотична дрога марихуана со висок квалитет, за која не постои никаква евиденција.
Наркотичната дрога е одземена и со наредба од надлежен Јавен обвинител ќе биде предадена на вештачење, а по комплетирање на случајот, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал против правното лице и одговорните лица во субјектот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.