На 04.09.2023 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(43) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава