More

    Претпријатието доби субвенции од 110 милиони денари

    spot_img

    Вкупно 24 советници гласа „за“, против беа двајца, а воздржани немаше. Така денеска во Советот на градот беа изгласани субвенциите од 110 милиони денари за ЈСП „Скопје“.

    По жестоката дебата која започна во 11 часот и неколкуте бројни паузи заврши вонредната седница со една точка на дневен ред Одлука за изменување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП „Скопје“ за 2023 година од 440 милиони денари на 550 милиони денари, односно зголемување на субвенциите во износ од 110 милиони денари.

    Директорот на ЈСП, Крсте Петрески, информирајќи за ситуацијата во претпријатието рече дека во моментов се располага со 326 автобуси од кои секој ден од 250 до 280 се во функција.

    Градоначалничката Данела Арсовска истакна дека токму поради блокадите на советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се случуваат сите пречки и дека токму поради нив, постигнати се само 250 проекти наместо можните 400.

    Со донесувањето на одлуката се очекува веќе утре вработените во ЈСП „Скопје“ во последниот законски рок за исплата да ја земат октомвриската плата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img