Времето денеска ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град, наведено е на веб-страницата на УХМР.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
„И во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.