More

    Пресретнат разговор меѓу двајца оперативци на Хамас, во кој тие зборуваат за тоа како болницата Ал-Ахли ал-Араби била погодена од неуспешна ракета истрелана од Газа

    spot_img

    Израелското Министерство за надворешни работи објави, како што тврди, пресретнат разговор меѓу двајца оперативци на Хамас, во кој тие зборуваат за тоа како болницата Ал-Ахли ал-Араби била погодена од неуспешна ракета истрелана од Газа.

    Снимката беше објавена како дел од брифингот за новинарите на портпаролот на ИД, кога Израел ја отфрли одговорноста за експлозијата во болницата, обвинувајќи го Хамас како одговорен за инцидентот во кој според првичните проценки има над 500 загинати Палестинци.

     

    Израелските одбранбени сили објавија и видео во траење од 30 секунди, со кое настојуваат да докажат дека смртоносната експлозија во болница во градот Газа не можела да биде резултат на израелски воздушен напад.

    -Првиот пакет информации беше доказ кој јасно го поддржува фактот дека не можеше да биде израелска бомба. Нема колатерални или значителни оштетувања на околните објекти. Нема кратери и ништо што наликува на местата каде што паднале израелските бомби – изјави портпаролот на ИД Џонатан Конрикус за Си-Ен-Ен.

    Палестинскиот исламски џихад одговори на изјавата на израелскиот воен портпарол дека неуспешното лансирање ракета во Газа е изворот на експлозијата во болницата Ал-Ахли во Газа. Тие велат дека Израел лаже и презентира спротивставени верзии за експлозијата во болницата во Газа.

    Ова тврдење на  палестинската исламистичка организација ја поткрепува и информацијата дека во Газа најмалку пет болници биле предупредени од Израел да се евакуираат објавена од Ал Џезира. Според меѓународното право, болниците треба да бидат безбедни и забранети од напади.

    Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќето од жртвите на нападот на болницата се жени и деца, додавајќи дека бројот на жртвите ќе се зголеми бидејќи многу тела се уште не се идентификувани. Тие повикаа и на голем одзив на погребите кои ќе се одржат денеска.

     

    – Ова е опасен момент за Блискиот Исток, без разлика кој е одговорен за нападот на болницата Ал-Ахли во Газа – изјави Алистер Бункал, дописник на Скај њуз за Блискиот Исток.

    – Арапскиот свет нема да им верува на тврдењата на Израел дека експлозијата била предизвикана од ракета истрелана од Газа. Не само Хамас и Исламски џихад, туку и бројни хуманитарни организации тврдат дека Израел ја погодил болницата – истакнува дописникот на Скај њуз во својот извештај.

    Бункал смета дека овој инцидент може да биде пресвртница во конфликтот.

    – Видеото објавено од Израел, кое наводно покажува дека тој не е одговорен за нападот, е неубедливо. Ова може да биде пресвртница во конфликтот: дали сојузниците на Израел ќе и кажат на владата да запре и да ја контролира ситуацијата или ќе се отворат нови фронтови во Либан, Западниот Брег или Ирак? – истакнува Бункал.

    Утрово американските сили во Ирак наводно собориле два дрона во близина на една од нивните бази.

    -Затоа она што се случува во Газа е многу опасно за поширокиот регион – смета Бункал.

    Откако беше погодена болница во Газа, при што загинаа најмалку 500 луѓе, избија серија протести низ Блискиот Исток. Стотици луѓе излегоа на улиците во градовите во Турција, Јордан, Либан и на Западниот Брег.

    Во Рамалах на Западниот Брег, демонстрантите фрлаа камења врз полициско возило кое изгледаше како да се движи кон нив. Во некои области на градот се слушнале експлозии. Протести се одржаа и во градот Тубас на Западниот Брег.

    Во Бејрут, главниот град на Либан, безбедносните сили се распоредени пред американската амбасада. Полицијата ги избрка демонстрантите со солзавец и водени топови.

    Слични ситуации избувнаа во Истанбул и Аман по протестите пред израелските амбасади. Демонстрантите запалија огнови и импровизираа израелски знамиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img