More

    Прес-конференција на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен: Австрија е докажан пријател на регионот

    spot_img

    Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа заедничка прес-конференција.
    Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски.

    Почитуван претседателе,

    Почитувани претставници на медиумите,

    Денес ја имам честа да бидам домаќин на претседателот на пријателска Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на нашата држава.

    Оваа посета е особено значајна за нас бидејќи се реализира во предизвикувачки времиња на глобални кризи, во време кога руската инвазија врз Украина суштински ги менува безбедносните, политичките и економските структури на континентот, а во нашиот регион се придвижуваат процеси кои можат да помогнат за негова трајна стабилизација и побрза европска интеграција.

    Од друга страна, Австрија е историски присутна во нашата земја и во регионот, и политички и економски. Таа е една од првите европски држави која ги чувствува ефектите од позитивните процеси, но и од негативните тенденции на Балканот. Затоа средбите со австриските соговорници се повеќе од корисни и секогаш исполнети со взаемна доверба и почит.

    Оттука е јасно дека со претседателот Ван дер Белен имавме искрен и содржаен разговор, какви што секогаш се состаноците со мојот драг колега, на кој го потврдивме цврстото пријателство и партнерство меѓу нашите две држави и нашите два народа. Северна Македонија и Република Австрија негуваат традиционални врски низ отворен и интензивен дијалог и затоа билатералните односи се на завидно ниво – и економската и парламентарната и секторската соработка одат по нагорна линија.

    Една од клучните теми, која ја дискутиравме беше нашиот евроинтегративен процес и во оваа прилика, сакам да се заблагодарам на Австрија за силната поддршка на политиката на проширување на Европската Унија и неспорната континуирана и принципиелна поддршка за нас во тој процес и во контекст.

    Зборувавме и за актуелната политичка состојба и отворените прашања на Западниот Балкан. Австрија како докажан пријател на регионот има значајна улога во форсирањето на политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, а, во тие рамки, оваа посета на австрискиот претседател укажува и на ургентноста на македонското европско досие.

     Се согласивме дека во отсуство на јасна европска перспектива, евроскептицизмот ќе продолжи да расте и сигурно ќе биде сигнал за некои други сили кои работат спротивно на европските вредности.

    Почитувани,

    Посебен фокус во разговорите беше интензивирањето на економската соработка. Австрија е наш значаен трговски партнер и прв странски инвеститор со вкупни инвестиции од близу една милијарда евра и со присуство на 54 активни австриски компании на македонскиот пазар. Во тој контекст ги поздравуваме и поддржуваме активностите на Македонско-австриската бизнис-асоцијација. Заеднички геостратегиски интерес е југоистокот на Европа да биде демократски и развиен за да биде мост за економска размена со растечките пазари на Азија.

    Иако Австрија е на врвот на листата на странски инвеститори во Северна Македонија, неспорно е дека постојат потенцијали за зголемување на севкупната трговска размена, за што свој придонес очекуваме да даде и македонско-австрискиот економски форум, кој ќе се одржи попладнево, а на кој ќе учествуваме заедно со претседателот Ван дер Белен.
    Да сумирам, наш заеднички впечаток е дека денес имавме продуктивни разговори.

     Неспорно е дека нашето партнерство ќе продолжи и во иднина со несмален интензитет. Следната година одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи што ќе биде уште една можност да го реафирмираме македонско-австриското пријателство и соработка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img