Коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Бујар Османи сонува дека некој од пратениците на опозициската партија ќе поддржи уставни измени, министерот за надворешни работи вели дека можеби ќе се разбуди Мицкоски кога на телевизија ќе гледа како поминуваат уставните измени.
Тој тврди дека има разговори на дневна основа за уставните измени со луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, дел од идеолошко крило на и луѓе помеѓу пратеничката група. На прашањето кои се тие луѓе (пратеници), министерот за надворешни работи рече дека се надева оти ќе ги видиме на денот на гласањето на уставните измени.
„Очигледно во ДУИ предизвикале трауми скандали за милионските бизниси на Дрин, Бесиан и на Шкумбин Ахмети, па Османи повторува изјави од пред една година“, велат од ВМО-ДПМНЕ.