More

    Препорака да се покачат и платите на сметководителите

    spot_img

    Сметководителите да ги покачат услугите и да ги зголемат платите на вработените согласно растот на инфлацијата и просечната плата на државно ниво, препорача денеска Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС).

    Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) соопшти дека по барање на сметководителите донел одлука да препорача друштвата и самостојните сметководители да ги усогласат цените на услугите што ги даваат кон правните лица, како и платите на своите вработени со растот на индексот на трошоци на живот (инфлацијата) и со растот на минималната и просечната плата во земјата.

    ИСОС исто така соопшти дека од средината на март ќе спроведе сеопфатна анкета меѓу професионалните сметководители во земјава за да добие податоци кои ќе ги искористи за детална анализа на состојбата со цените на сметководствените услуги на пазарот и на платите во овој сектор.

    – Оваа анализа ќе биде добра основа за креирање на најсоодветни одржливи решенија и механизми за утврдување на препорачани цени на секоја посебна сметководствена услуга, водејќи сметка за нивото на нивна сложеност. Следниот чекор ќе биде да се пронајде најсоодветниот начин и форма за имплементација на ваквото решение, водејќи сметка за законските надлежности што ги има Институтот – вели претседателката на ИСОС Весна Прентоска.

    Прентоска најави и ефикасна борба против дивите сметководители.

    Годишната инфлација за 2023 година изнесува 9,4 отсто, а просечната плата порасна на 40.000 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img