More

    Преполовено е производството на метали, а тутунската индустрија бележи намалување за 62,8 отсто

    spot_img

    Индустриското производство лани во декември е намалено за 1,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    За една година (декември 2021 – декември 2022 година) според податоците на Статистика пад на производството има во речиси сите сектори освен во енергетскиот сектор каде што е забелешан раст од 11,6 отсто.

    Во рударството и преработувачката индустрија има идентично намалување на производството за 2,3 отсто.Најголем пад на производството е забележан кај тутунската индустрија за 62, 8 отсто, производството на метали за 51,8 отсто и кожарската индустрија за 25,6 отсто.

    Највисок пораст на производството  од  105,2 отсто забележаа компаниите кои преработуваат дрво и производи од дрво и плута како и производство на предмети од слама и плетарски материјал. Но затоа пак производителите на мебел имаат намалено производство од 15,6 отсто.

    Висок раст на производството од 39,9 отсто има и фармацевтската индустрија и производителите на производи од гума и производи од пластични маси каде што растот изнесува 20,4 отсто.

    Според главните индустриски групи, производството во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање кај „интермедијарни производи, освен енергија за 8,1 отсто, кај „капитални производи“ за 0,8 отсто и кај „трајни производи за широка потрошувачка“ за 16,9 отсто, додека пораст бележи кај Енергија за 10,1 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 2,3 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img