More

    Преполовен е бројот на студенти по право

    spot_img

    Бројот на запишани студенти на правни студии на Универзитетите во Република Северна Македонија изминатите десет години е преполовен, покажува анализата на МИА. Според одговорите добиени од 12 правни факултети, во академската 2013/14 година на додипломски студии се запишале вкупно 1 809 студенти, а во академската 2022/23 година овој број изнесува 923, односно, намалување од близу 50 проценти.

    Според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, МИА побара информации за запишани и дипломирани студенти по право на додипломски и постдипломски студии во изминатите десет години од сите 13 Правни факултети во државава, одговор не добивме само од Меѓународниот универзитет во Струга, од каде, и по истекот на сите рокови предвидени во законот, ни соопштија дека Барањето не било примено поради технички проблеми со електронската пошта.

    Преполовување на запишани студенти на додипломски студии по право се забележува на сите државни правни факултети каде што во изминатите десет години се запишале вкупно 8 274 студенти.

    На Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, падот изнесува 52 проценти. Во Кичево, на Правниот факултет во рамките на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, се забележува пад од 64 проценти, додека, на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, 55 отсто. Најголем пад, односно цели 88 проценти, има на Државниот Универзитет во Тетово.

    На Приватните универзитети, каде што во изминатите десет години на додипломски студии по право се запишале вкупно 5 161 студент, ситуацијата е поделена. На Правните факултети при Американски универзитет на Еврoпа – ФОН, Приватна високообразовна установа – МИТ Универзитет – Скопје, Европски Универзитет и Универзитет Американ Колеџ, има намалување кое се движи од 50 до 100 проценти, додека, на правните факултети при Меѓународниот Балкански Универзитет, Меѓународен Славјански Универзитет Гаврило Романович Державин – Свети Николе, Меѓународен Универзитет Визион – Гостивар и Универзитет на Југоисточна – Тетово, има зголемување е во рамките од 4 до 400 проценти.

    Над 50 проценти пад има и на магистерските студии по право

    Намалување на бројот на запишани студенти има и на магистерски студии, каде што во изминатите десет години, од 903 запишани студенти на 11 правни факултети во академската 2013/14, бројот се намалува над 50 проценти, односно 426 запишан студент по право во 2022/23 година.

    Од вкупно 5 750 запишани студенти на магистерски студии по право во изминативе десет години, 4425 се запишале на државните универзитети. На УКИМ  се забележува пад од 49 проценти, на УКЛО – 62, УГД – 76 и Универзитетот во Тетово – 57 отсто.

    На приватните факултети се запишале 1 325 при што на Универзитетите ФОН, Европски, Славјански, Американ и Југоисточна Европа има пад кој се движи од 25 до 100 проценти, додека, на Универзитетот Визион во Гостивар и Меѓународниот Балкански Универзитет имаат раст од 250 – 300 отсто.

    И дипломираните, односно магистрираните студенти се преполовуваат низ текот на годините. Па така, од 1 103 дипломирани студенти по право во 2013 година, во 2022 дипломираат 622, а од 588 магистранди кои магистрирале во 2013, бројката се намалува на 351 во 2022.  Падот во овој дел изнесува 43, односно 40 проценти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img