More

    Премиерот ветува повисоки плати, пензии и 130 милиони евра за антикризни мерки

    spot_img

    Се подготвуваат нови антикризни мерки со таргетиран пристап. Ќе се зголемат платите и пензиите според предвиденото во колективните договори. Ќе продолжат поддршката за компаниите, грижата за стандардот на граѓаните и капиталните инвестиции.

    Ова го најави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за Канал 5 ТВ.

    „Во антикризните мерки коишто во моментов се подготвуваат што наскоро ќе бидат презентирани, ќе бидат опфатени најранливи категори на граѓани, меѓутоа ќе бидат опфатени и пензионери кои примат пензија до ниво на минимална плата. Минималната плата постојано расте, наредната година ќе имаме минимална плата којашто ќе биде во висина од 22.500 денари, што историски е највисоко ниво”, соопшти премиерот Ковачевски.

    „До крајот на ова година во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година се предвидени дополнително 55 милиони евра за антикризни мерки. Тука пред се мислам на продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија“, објасни премиерот.

    „Ја исполнуваме целта за зголемени плати за работниците во администрацијата, во образование, во здравството и во целиот јавен сектор, за поддршка на компаниите во инвестициите и секако зголемено ниво на инвестиции во инфраструктурата“, оцени премиерот Ковачевски во телевизиското интервју.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img