Премиерот вели дека треба да се надминат личните и идеолошките разлики

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА дадена во Братислава, Словачка, вели дека на средбата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се разговара за две работи – за одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи.
– Тоа е нешто што ќе го разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и со неговиот тим, бидејќи ќе биде средба на која што ќе присуствуваат тимовите и ќе треба да се најде начин практично од нивна страна да ја поддржат оваа одлука, бидејќи оваа одлука е практично глас за нашата интеграција во ЕУ и не смее и не може да биде предмет на дневно-политички калкулации или на добивање политички поени. Иднината на граѓаните, на сегашните и на идните генерации е далеку позначајна од кариерата на кој било политичар и треба да се надминат и личните и идеолошките разлики во делот на носењето на ваквите одлуки, бидејќи ова е обврска на сите политички партии и на сите пратеници во Собранието – истакна Ковачевски во изјава за МИА дадена по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Ковачевски вели дека е рационален оптимист и дека верува во остварување на целта – членство во ЕУ.

Share This Article