Премиерот се слушнал со Шолет од Стејт департментот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа телефонски разговарал со советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет, во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, соопшти Владата.

Ковачевски, според соопштението, „изразил огромна благодарност до Стејт департментот и кажал дека високо ги цени поддршката и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата“.

„Ковачевски го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го почна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадноста кон прогресивниот свет кои за нас, како што рече, немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет“, се наведува во соопштението на Владата.

По телерфонскиот разговор, премиерот се огласи преку социјалните мрежи:

„Ми беше чест да разговарам со советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет. Високо ја ценам неговата поддршка и интерес за нашата земја во овие клучни моменти за државата. Во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, го информирав советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог.
Нашите определби се јасни, демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет за нас немаат алтернатива. Тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет“, напиша Ковачевски.
Share This Article