Премиерот се сети дека и загадената животна средина може да биде проблем во преговорите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На секое поглавје, секоја држава може да даде забелешки во однос на реформите и напредокот, рече премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека секој може да нѐ блокира во преговорите оти Вардар е најзагадена река во Европа, но не и Бугарија бидејќи преговарачката рамка е децидна, а Македонија е лидер во спроведување и почитување на малцинствата.

– Реката Вардар е најзагадената река во Европа. Животната средина и заштитата на животната средина е еден исто така од критериумите во пристапувањето во ЕУ. Вие сега сте во Берлин, па прошетајте покрај реката Шпре и ќе видите колку е реката чиста, а потоа видете го наш Вардар колку е загаден – рече Димитар Ковачевски директно од Германија.
Тој во изјава за медиумите во Берлин рече дека процесот не смее се користи за политички поени, а е уверен дека Бугарија нема да наметне нови блокади на процесот.

Во однос на уставните измени, на прашање од ТВ21 премиерот рече дека тоа е процес кој не треба да се брза, а за опозицијата и за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ги промениле ставовите откако беа во Брисел.

Share This Article