Премиерот Андреј Пленковиќ повторно е заразен со коронавирус.
Владата го објави тоа на Твитер.
„Премиерот Андреј Пленковиќ утрово беше тестиран за присуство на ковид-19, со оглед на тоа што вчера му се појавија симптоми на болеста и резултатот беше позитивен. За него е одредена мерка изолација и ќе продолжи да ги извршува обврските од дома, следејќи ги сите упатства на лекарите и епидемиолозите“, напишаа на Твитер.