Премиерот објаснува зошто според него од ФЗОМ добро се избориле со хакерите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На други институции ширум светот кои биле предмет на сајбер напад им требало во просек 22 до 23 дена да се справат со тоа, додека Фондот за здравствено осигурување за 14 дена, смета премиерот Димитар Ковачевски. На пратеничко прашање од Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали ќе има морална одговорност или оставки во ФЗОМ премиерот одговори дека нема да има поради три причини:

– Прво, ги видов договорите со кој Фондот ги има реализирано или биле во тек на реализација непосредно пред сајбер нападот и тие укажуваат дека подготовката од заштита од сајбер напади која ја спремале била на највисоко ниво и е согласно ревизорските извештаи од претходните години кои кажале дека треба да се купат такви системи за кои веќе се потпишани договори – изјави Ковачевски, а потоа ја претстави втората причина:

– Сајбер нападот се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Второ, во моментот кога се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот што е можно најбрзо – подвлекува премиерот и додава:

– Трето кога е веќе јасно дека со конкретнава работа и навремено се спремале и соодветно одговориле, го видов извештајот на ДЗР и тоа што биле забелешки, но и како по сите забелешки постапиле или се во тек на постапување, тоа значи дека директорката си ја работи работата со Фондот како што треба и според правилата, законот и прописите – истакна Ковачевски.

Share This Article