Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.

Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ.

Мадиумите објавија детали од атентатот .

Неколку сведоци на Интернет напишаа дека осомничениот најпрвин му довикал на премиерот: „Роберт, дај ми ја раката“.

Фичо отиде до него и му ја подаде раката. Потоа одекнаа истрели. Наводно, биле 5, а 3, според информациите, го раниле премиерот.

Напаѓачот по пукањето брзо бил совладан од полицијата, по што бил преземен од Националната криминалистичка служба.

 

Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.

 

- Advertisement -
Ad image

Порталот „Акталоти“ успеал да стапи во контакт со синот на осомничениот. Тој потврди дека неговиот татко легално поседува пиштол, но негираше дека некогаш спомнал дека планирал да го нападне Фицо.

– Не знам што имал намера таткото, што планирал, зошто тоа се случило – рече тој.

На прашањето дали татко му го мрази премиерот, тој одговори: „Ова ќе ви го кажам – не гласаше за него“.

- Advertisement -
Ad image

Според информациите на порталот SME, осомничениот бил голем противник на Фицо.

И синот на осомничениот негираше дека неговиот татко е ментално болен.

-Можеби имал краток спој, не знам. Тој е малку поимпулсивен, но никогаш не се занимавал со психијатри или нешто слично – изјавил тој.

Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

Share This Article