More

    Премиерот на Полска: Вагнер се обидува да го дестабилизира источното крило на НАТО

    spot_img

    Полскиот премиер Матеуш Моравјецки предупреди дека силите на руската платеничка група Вагнер се приближуваат до источното крило на НАТО со цел да го дестабилизираат, пренесува Ројтерс.

    Голем број борци на групата Вагнер почнаа да ја обучуваат белоруската армија, што ја натера Полска да испрати повеќе од 1.000 војници на границата.
    Порано оваа недела, полските власти се најдоа на удар откако првично не признаа дека белоруски хеликоптери влегле во полскиот воздушен простор. Меѓутоа, откако локалните жители објавија фотографии на социјалните мрежи од авионот со белоруски ознаки на неколку километри од границата во Полска, Министерството за одбрана издаде соопштение во кое се вели дека е вистина.

    Присуството на Вагнер во Полска ја поттикна Летонија да реагира. Вчера директорот на државната гранична стража на земјата изјави дека затоа Летонија започнала со обука на специјална оперативна група за гранична одбрана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img